ГОСТУВАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ АМБАСАДОР НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО СВЕТОТ, АНСАМБЛОТ „ТАНЕЦ“ ВО РАДОВИШ

Почитувани сограѓани

Со особена чест Ви го најавуваме гостувањето на најголемиот амбасадор на македонската култура во светот, Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.

 

На 19-ти Јуни, Вторник со почеток во 20:00 часот, бидете на Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ и исполнете ги вашите срца со богатиот македонски фолклор, традиција и култура.
Бидете дел од „Невестинското“, „Комитското“, „Тешкото“, „Осоговка“ и многу други бисери од македонското народно творештво, во изведба на Ансамблот „ТАНЕЦ“.

 

Летната културна сцена продолжува.
Ве очекуваме.

 

Општина Радовиш

Related Articles

Временска прогноза