Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против И.К.(27), Ф.Х.(42), Џ.И.(29) и Ф.Ш.(36), сите од Радовиш, за сторено кривично дело “кражба“.
На 13.06.2018 година околу 17,00 часот на планина Плачковица, кај местото викано Иланица, од страна на полициски службеници, пријавените биле затекнати при транспорт на дабови дрва, за кои немале соодветна документација.