ДОЛДУРОВ И ЃОРГИЕВ ГИ ОБНОВИЈА ДОГОВОРИТЕ СО РК РАДОВИШ

Капитенот на РК Радовиш Спасе Ѓорѓиев, и левото крило Александар Долдуров и во следната сезона ќе му останат верен на матичниот клуб тие ги продолжија договорите и за со РК Радовиш предводен од Љупче Мијалов кој ќе го види и во претстојната сезона. Долдуров и Ѓорѓиев се обврзаа на едногодишен договор со РК Радовиш.

РК Радовиш ангажираше повеќе засилувања оваа лето кои ќе се обидат да обезбедат пласман во разигрувањето за титулата.

Од клубот заминаа Мирко Мајиќ и Борче Соколов. Договорите претходно ги продолжија Божидар Симиќ и Ивица Илиев, а нови играчи се црногорскиот кружен напаѓач Лука Бујиќ, како и десниот бек од Борец, Ивица Лазаревски.

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза