ЕВРОАМБАСАДОРОТ САМУЕЛ ЖБОГАР НА СРЕДБА И ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ

Градоначалникот Герасим Конзулов вчера оствари средба и прием на шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар.

 

Оваа средба се одржа после свеченоста и пуштањето во употреба на пречестителната станица за третман на отпадни води во Радовиш која е изградена со помош на ЕУ фондовите.

Градоначалникот Герасим Конзулов уште еднаш му се заблагодари на амбасадорот Жбогар за овој проект и поддршката која ја дава ЕУ на нашата општина, со желба за продолжување со други успешни проекти кои ќе бидат од огромна значање и корист за граѓаните на општина Радовиш.

Шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар истакна дека заштитата на животната средина и создавањето услови за поквалитетен живот и одржлив развој е една од главните определби на ЕУ во поддршката што ја дава на различни проекти во земјава, ЕУ останува партнер на државата и ќе продолжи да поддржува проекти во интерес на граѓаните.

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза