Граѓаните кои патуваат со автомобил во странство, покрај потребата да имаат зелен картон, патничко осигурување, неопходно е да имаат и меѓународна возачка дозвола, која има важност три години.
Во земјите од регионот, меѓу кои и Грција и Хрватска, Македонците задолжително треба да поседуваат меѓународна возачка, во спротивно казната изнесува околу 200 евра.
Ваква дозвола треба да се има доколку се патува во повеќето земји кои се членки на ЕУ, бидејќи ако не ја поседувате, а ви се случи сообраќајна незгода, тогаш и да не сте виновен штетата ќе ја покриете целосно и дополнително ќе платите казна на државата каде што во тој момент се наоѓате.
Но, доколку граѓаните патуваат во Албанија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Словенија, Романија, Италија и Шпанија не мора задолжително да поседуваат и меѓународна возачка дозвола, доволно е да ја имаат националната, бидејќи со овие земји Македонија има потпишано договор за признавање на националните возачки дозволи.
Како што информираат од МВР, меѓународна возачка дозвола треба да се поседува, без оглед што македонската возачка дозвола е биометриска. Поседувањето на ваква дозвола е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патишта и се спроведува со цел да послужи како доказ дека на подносителот, односно на возачот дека не му била изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило.
Од лани за да извадите Меѓународна возачка дозвола, покрај досегашните документи, потребено е да имате и потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Овој документ е доказ дека возачот нема евентуални забрани за возење во некоја странска држава.
Тој се издава од страна на МВР во местото на живеење на возачот и чини 50 денари административна такса. Вкупно за да се поседува меѓународна возачка дозвола ќе ве чини околу 950 денари.
Документот се издава веднаш, бидејќи евентуалните забрани за возење во странство по било кој основ, се евидентираат електронски во местото на живеење на возачот, па оттаму и издавањето на потврдата трае кратко време.
Целосната статија прочитајте ја тука…