РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ОПШТИНАТА

Во тек се работни активности на повеќе инфраструктурни проекти во општина Радовиш.

Се асфалтира улицата во Раклиш која е во должина од 370 м. ширина 6 м. Асфалтирањето ќе биде со два слоја на асфалт 7+4 см, а исто така ќе биде поставен бекатон на тротоарите долж целата улица.

Деновиве активно се работи на уредување на јавната површина и поставување на урбана опрема на паркот кај болницата-Детско игралиште.

Исто така се продолжува со работните активности на чистење на Радовишка Река, се чистат наносите од поплавите и поројните дождови кои ја зафатија нашата општина.

При крај се работните активности за санирање и реконструкција на градскиот стадион и службените простории.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза