Откако ги обезбеди Ивица Илиев, Божидар Симиќ и Лука Бујиќ, екипата на Радовиш најави уште едно засилување за следната сезона. Денес во просториите на РК Радовиш беше потпишан едногодишен договор со Ивица Лазаревски.
Ивица Лазаревски од денес е новиот играч на РК Радовиш, кој претходно има настапувани за РК Пелистер и ГРК Борец. Тој е роден 1991 година, а ќе игра на позицијата десен бек.
Претходно договорите ги продолжија исто така и Трајанов, Ристов и Јованов.