Во саботата во Радовиш беше одржано четвртото издание на Фестивалот „Калабалак“ организирано од страна на Experience.
“Калабалак”- е електронски музички фестивал кој традиционално се оддржува во Радовиш, оваа година како главна ѕвезда на вечерта беше JUSTIN MYLO –диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други, а неговите хитови котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.
„КАЛАБАЛАК “ – Својата прва едиција ја доживува во 2015-та со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување, и оваа година организаторот се погржи се да биде во најдобар ред.