(Фото) ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО РАДОВИШ

Вложувањето во изградба на пречистителни станици е исклучително важно за заштита на животната средина и за заштита и унапредување на здравјето на граѓаните, наводнувањето на земјоделските површини ќе се врши со чиста и здрава вода, што е предуслов за производство на здрава храна.

 

Во Радовишката река нема повеќе да се одлеваат отпадни води, туку пречистена вода од станицата. Проект опфаќа и изградба на нов колекторскиот систем како и обнова на канализационата мрежа, истакна премиерот Зоран Заев на денешното пуштање во употреба на Пречистителната станица во Радовиш.

Во оваа пригода Заев упати честитки до локалната самоуправа и до градоначалникот Герасим Конзулов  за посветениот ангажман, до WTE/EVN груп за успешната реализација на проектот.

Градоначалникот Герасим Конзулов истакна дека со  овој проект е решен голем проблем во општината на долг рок. Освен еколошкиот аспект кој е многу значаен, за граѓаните од големо значење е и ревитализацијата и проширувањето на примарната канализациона мрежа, со што во голема мерка е подобрен и квалитетот на живот на граѓаните.

 

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар во своето обраќање истакна  дека заштитата на животната средина и создавањето услови за поквалитетен живот и одржлив развој е една од главните определби на ЕУ во поддршката што ја дава на различни проекти во земјава. Ние остануваме партнер на државата и ќе продолжиме да поддржуваме проекти во интерес на граѓаните“, истакна Жбогар.

Министерот за финансии Драган Тевдовски изрази благодарност за искажанaта доверба од Делегацијата на ЕУ за управувањето со програми финансирани од ЕУ. Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, се заблагодари за поддршката од ЕУ за проекти поврзани со заштита на животната средина, потенцирајќи го значењето на проектите од ваков вид за зачувување на прородните ресурси, како што е водата.

„Навистина огромно е задоволството што токму нашата групација работи на реализација на вакви значајни проекти за граѓаните, но и за заедницата во целина. Го имплементиравме тука нашето големо искуство во оваа област, стекнато во повеќе земји во ЕУ и убедени сме дека за граѓаните од Радовиш овој проект ќе значи поквалитетен живот -истакна Вернер Казагранде, член на Извршниот одбор на WTEGroup.

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза