РАДОВИШ: АВИО-ТРЕТИРАЊЕ. СЕ ПРСКАШЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ!

Денес во утринските часови беше спроведено авионското третирање против комарци, кое беше најавувано повеќе пати но поради лошите временски услови не беше спроведено.

Оваа прскање против комарци беше спроведено од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот: Радовиш, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, и Струмица.

Претходно, прскањето против комарци во овој регион беше најавено за 17 и 27 јуни и вчера 01 јули, но беше одложено поради лошите временски услови.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза