ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА „ЈАКА 80“ ОД РАДОВИШ ОДИ ВО СТЕЧАЈ

Како што пренесува Капитал, фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш оди во стечај. Со решение од Основниот суд Скопје 2, донесено на 19 јуни годинава, е отворена стечајна постапка над должникот фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш, откако Судот го прифатил барањето на фирмите Вимил од Скопје и Интер Браук за отворање на стечај во Јака 80 Радовиш.

За стечаен управник е назначен Драги Момировски, со што во Централниот регистар е избришан Јовица Стефановиќ Нини кој како генерален директор досега беше овластено лице во радовишка Јака 80.

 

Врз фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш Основниот суд 2 во Скопје веќе еднаш отвори стечајна постапка во почетокот на 2015 година, но неколку месеци подоцна стечајот беше прекинат и беше прифатен Планот за реорганизација на компанијата.

Во март годинава дел од сегашните и поранешни вработени од фармацевтска компанија ,,Јака 80’’ излегоа на протест пред затворените погони во Радовиш и си ги побараа заостантите плати и отпремнини од Јовица Стефановиќ – Нини, за кого тврдат дека уште е газда.

Освен за заостанатите плати за минатата година, пред затворената фабрика во Радовиш протестираа и за неисплатените плати и отпремнини за периодот до 2010, кога производството на лекови и козметика од Радовиш се пресели во Скопје.

Целосната статија прочитајте ја во Kapital

Related Articles

Временска прогноза