Дебитантот во втората лига ФК Детонит започна со подготовките за следната сезона. Покрај новите засилувања со кој се комплетираше нашиот клуб веќе на клупата имаат нов тренер.
Првата сезона во историјата на клубот како второлигаш, ФК Детонит од Радовиш ќе ја дочека со нов тренер на клупата во името на искусниот Ратко Јанушев.
Во желбата за што подобра подготовка на тимот за дебитантската второлигашка сезона Јанушев, кој е поранешен тренер на Беласица, Хоризонт Турново, Плачковица и бројни домашни прволигашки екипи, сега доаѓа на чело на радовишкиот тим.
Радовиш во следната сезона ќе биде единствениот град во Втората лига кој ќе има два клуба. Покрај Детонит во второлигашката конкуренција од минатата сезона е и ФК Плачковица.