БАМЈА – Растение на иднината

Бамјата била одгледувана уште од страна на античките народи на Блискиот Исток, од каде што е пренесена на Балканот, Западна Европа и САД. Кај сите словенски народи, единственото име на овој вид зеленчук е бамја, и е со арапско потекло, а се смета за типичен ориентален зеленчук.

Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина. Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска” („султанија”), „црвена бамја” и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет.

Нејзините необични плодови имаат пријатен, необичен вкус и мирис. Се користат како свежи или исушени за подготовка на различни јадења (особено за македонскиот специјалитет турлитава), а може да се замрзнат, исушат или конзервираат во сол. Како замена за кафе, може да послужат зрелите семиња, кои се исушени, а потоа се печат и мелат. Во народната медицина од листовите и стеблата се прават лековити напитоци против пролив и за намалување на шеќер во крвта.

Бамјата е богата мешунка која изобилува со растителни влакна кои се битни за одржување на здравото ниво на холестерол во крвта.

Таа содржи разни витамини и минерали, особено витамини од групата Б, како што се фолната киселина, витамин Б1, Б2, а особено и витамин Б6 (една просечна порција бамjи содржи 10% од потребните дневни потреби на витамин Б6). Бамјата содржи полисахариди што го подобруваат протокот на крвта и делуваат стимулативно. Таа е преполна со антиоксиданти, а особено со епоикатехин, катехин, рутин и кварцетин. Рутинот им обезбедува цврстина на малите крвни садови, а кварцетинот е добар за дишните патишта.

Во кулинарството бамјата е ценета поради содржината на слузни нискокалорични материи, кои одлично ги згуснуваат чорбите и сосовите. Од свежите плодови се прават каши, супи, турлитава, ѓувеч, мусака и разни други јадења. Таа одлично „се согласува” со разни видови на месо.

Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатонски сок кој добро се меша со готвените јадења.


  • 700 г јагнешко или свинско месо
  • 500 г бамја
  • 2-3 кромиди
  • 4 чешниња лук
  • 800 мл сос од домати (плус неколку цели излупени домати)
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка црвен пипер
  • малку сол, црн пипер
  • малку масло за готвење

1.Бамјите исчистете ги и прелејте ги со ладна вода. Вака потопени, оставете ги барем половина час.

2.Во поголема тава за готвење, на малку масло, пропржете го ситно исечканиот кромид и лук.

3.И месото исечкајте го на поголеми парчиња и додадете го во тавата. Пржете се додека месото не зарумени.

4.Откако месото ќе зарумени, додадете 1 лажица брашно, малку пропржете и зачинете со сол, црвен и црн пипер.

5.Додадете го сосот од домати, неколку исчистени и исечкани домати, садот покријте го и оставете го крчка на тивок оган околу 45 минути.

6.Во тавата додадете ги исцедените бамји и гответе уште околу 10 минути водејќи сметка да не се преварат бамјите и да не стана лигави.


 

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза