Вчера во Радовиш беше одржан 12. по ред Јуручки фестивал.
Овој традиционален фестивал беше со богата програма, покрај фолклорните настапи на ансамблите од Радовиш, с. Бучим и гостите од Република Турција, исто така присутните имаа можност да погледнат Пеливанско борење, Атлетски трки, Турнир во тенис, а заврши со финалето од турнирот во мал фудбал „Радовиш 2018“ .
Голем број на гости и делегации од Македонија, Република Турција и Кипар беа присутни во Радовиш, и имаа можност да погледнат дел од овие програмски содржина.
„Јуручки фестивал“ беше во организација на Здружението на турците од југоисточна Македонија, под покровителство на општина Радовиш а се одржи во комплексот на Ресторан Шампион во Радовиш.