АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ПИЛАВ ТЕПЕ“ – Наоди со широк хронолошки дијапазон

На археолошкиот локалитет Пилав Тепе, активно се работи на површина опфатена со градежните работи за експресниот пат Штип – Радовиш. Целта на истражувањата е одредување на стратиграфијата на локалитетот, идентификација на границите, документација и заштита на пронајдетите археолошки содржини.

Наодите имаат широк хронолошки дијапазон од неолитот до средниот век, а особено бројни се наодите на рачно работена керамика од 5-4 век ст.е. , како и сива пајонска керамика со хеленизирасни форми.

Според одредени истражувачи на овој простор се наоѓал пајонскиот град Астраион , кој е познат по убиството на Деметриј од неговиот брат Персеј синови на Филип 5.

Потребни се по опстојни истражувања за докажување на претпоставката за постоењето на Астраион на овие простори, бидејки наодите од 3-2 век стара ера недостасуваат, ова беше исакнато за време на посетата на Директорката на Управата за културното наследство д-р Елеонора Петрова Митревска на локалитетот оствари посета на археолошкиот локалитет Пилав Тепе.

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза