Промоција на „ГРАНИЦИ ОД ЗЕМЈА„ од кантавторот ЈОВИЦА ИЛИЌ.

Во неделата, во хотел Бел Камен Радовиш, во рамките на празнувањето на Св.Спасо Радовишки, беше одржана промоција на новата книга со ЦД од кантавторот Јовица Илиќ од Радовиш ГРАНИЦИ ОД ЗЕМЈА.

Во присуство на градоначалниците на општина Радовиш – Герасим Конзулов и Мадлена Бојаџиева градоначалник на општина Тетевен – Р. Бугарија за книгата и ЦД-то ГРАНИЦИ ОД ЗЕМЈА зборуваше писателот Борче Панов.

Програмата беше збогатена и со поетско преставување на поетесата од Тетевен – Николина Милева, која што исто така, ја претстави писателот Борче Панов. Посебен тон на оваа музичко книжевно случување даде и Музичкиот ансамбал од Тетевен со изведбна на 4 нивни композиции.

Овој настан беше целосно организиран од страна на ОНБ Браќа Миладиновци, како и со техничка поддршка од страна на Центар за култура Ацо Караманов од Радовиш.  Покровител на ова манифестација беше Градоначалникот на општина Радовиш – Герасим Конзулов.

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза