Фото: ВНИМАТЕЛНО НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ РАДОВИШ-ШТИП

Во тек се активни градежни работи околу изградбата на Експресниот пат Радовиш-Штип, механизацијата активно работи пред клучката на Рудникот Бучим долж целата траса до пред Штип .

Од АМСМ информираат: Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности известуваат од АМСМ.

 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза