РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРОТО КОЛО ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Нашите два клуба кои се натпреваруваат во Втората фудбалска лига (Исток) денес го одиграа второто коло.

ФК Плачковица во денешниот натпревар ремизираше со екипата од Кавадарци, ФК Тиквеш.
Во првиот натпревар на домашен терен од новата натпреварувачка сезона нашата Плачковица не успеа да оствари победа иако беше супериорна во второто полувреме пропуштајки голем број на шанси.
Гостите поведоа на почетокот на натпреварот со што на полувреме се замина со резултат 1-0 за Кавадарчани.
ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК ТИКВЕШ 1-1 (0-1)

Во денешното гостување ФК Детонит не успеа против екипата на ФК Кожуф во Гевгелија.
Иако нашите момци во текот на целиот натпревар прикажаа одлична игра, но после неколкуте шанси не успеаа да ја затресат противничката мрежа.
Головите за Кожуф ги постигнаа Пеев, Зајков и Ристовски. 
ФК КОЖУФ – ФК ДЕТОНИТ 3-0 (1-0)

ТАБЕЛА (после одиграното 2 коло)

Следното трето коло ќе биде празник за фудбалот во Радовиш, бидејки ќе биде дерби натпревар помеѓу нашите два клуба.

Натпреварот ќе се одигра на 2 Септември во Недела, на Градскиот стадион во Радовиш, со почеток од 16.15 часот.


3-коло натпревари
Фотогалерија: ФК КОЖУФ – ФК-ДЕТОНИТ

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза