„ЈАКА 80“ ИСКЛУЧЕНА ОД БЕРЗАТА

Акциите на радовишка Јака 80 се исклучени од котација на берзата, поради тоа што друштвото е во стечај, соопшти Македонска берза.

„Одборот на директори на Македонската берза на седница донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш, заради стечај на друштвото. Акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата почнувајќи од 01.08.2018 година (Среда)“, стои во соопштението.

 

Извор: ekonomski.mk

About the author /


Related Articles

Временска прогноза