РАДОВИШ ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА ПАТРОНОТ И ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ – СВ. СПАСО РАДОВИШКИ

Градот Радовиш го прослави денот на патронот и заштитникот на градот Св. Спасо Радовиш, Програмата за чествувањето на празникот Св. Спасо Радовишки се одвиваше во изминатите три дена.

Вчера се одржа “Вечерна богослужба” во Храмот Св. Троца, на која чиноначалствуваше, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, потоа од Храмот Св. Тројца се продолжи со “Литија” низ градот до Плоштадот Св. Спасо Радовишки, каде пред параклисот на Св. Спасо Радовишки се одржа “Моледбен”. Потоа беше одржана “Духовната академија” пред Храмот Св. Тројца во Радовиш, на која присуствуваа голем број на гости.

Денеска во Храмот Св. Тројца во Радовиш се продолжува со “Утринска Богослужба” на која ќе чиноначалствува, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а подоцна се продолжи со “Свечен ручек” во Манастирскиот комплекс “Св. Ѓеорги” во Ораовица.

ФОТО ГАЛЕРИЈА (Општина Радовиш)

 


Related Articles

Временска прогноза