Вчера на Езерото Мантово беше одржан традиционалниот 9-ти по ред „Интернационален КУП КРАП 2018“.
На овој натпревар во спортски риболов во дисциплината Пливка учествуваа 12 екипи од Македонија и Србија.
Најдобро пласирана беше екипата на Оскар од Кавадарци, втори беа Наис, Ниш-Србија, а третото место го освоија нетпреварувачите од Бистро Струмица. Во поединечен пласман најдобар беше Илија Томов од клубот Бистро од Струмица со улов од 3.960 грама. Втор беше Горан Стојковиќ од Наис, Ниш-Србија со улов 3.800 грама, третото место го освои Кире Малинков од Оскар Кавадарци со улов од 2.680 грама.
„КУП КРАП“ натпеварот – традиционално се одржува секоја година, и е во склоп на празнувањето и чествувањето на патронот и заштитник на градот Радовиш, „Св. Спасо Радовишки“, согласно програмата на Риболовниот клуб Крап од Радовиш.
Свеченоста и доделувањето на наградите и признанијата се одржа во Рибниот ресторан „Д клуб“ во Радовиш, а беа доделени од гостите на свечената церемонија Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов, Градоначалникот на општина Конче Благој Илиев и Пратеничката Милевка Ѓоргиева.
Од Риболовниот клуб Крап од Радовиш искажуваат благодарност до гостите и учесниците кои го збогатија овој прекрасен ден и празник со нивното присуство, исто така благодарност до помагателите и покрвителот на овој натпревар Градоначалникот Герасим Конзулов и Општина Радовиш кои несебично секогаш го поддржуваат Спортскиот риболов и риболовниот клуб Крап од Радовиш.