ДЕТОНИТ НЕ УСПЕАА ПРОТИВ ФК КИТ-ГО

ФК Детонит не успеа против гостите од Пехчево, ФК Кит-Го. 

Во натпреварот од 5-то коло кој се одигра на Градскиот стадион во Радовиш, „детонитци“ не успааа да дојдат до посакуваните први бодови во оваа натпреварувачка сезона. Со новиот тренер Жанко Савов и неколку нови играчи во овој натпревар ФК Детонит влезе смело со одлична игра во текот на целиот натпревар. 

Гостите го постигнаа победничкиот гол во второто полувреме, а можеме да кажеме дека ФК Детонит не заслужи денес пораз, 90 минути беа подобри од противникот, но сепак бодовите ги однесоа гостите.

Да се надеваме дека во наредното коло оваа нова екипа со новиот тренер ќе направи изненадување и ќе ни донесе добра вест од Кавадарци, каде што гостуваат на ФК Тиквеш.

 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза