Измиените чушки зелени ајверки (пиперки) и модри патлиџани се печат.
Се лупат убаво, се остсрануваат семките и се ставаат во мрежеста вреќичка преку ноќта да се исцедат.
Наредното утро се мелат на машинка. На газеро од шерпата (дното) се става околу 200 мл. од зејтинот и се става целата измелена смеса, па се става на огин да се прже со целовремено бркање (мешање).
Постепено за време на пржењето се додава од зејтинот, каде што патлиџанот постепено си го одзима.
Додава се сол, шеќер, оцет (вински) по вкус, пред крајот се става сенфот.
Во зависност од вкусот додавајте го оцетот, некои сакаат да биде повеќе кисел, а други помалку.
Малиџаното се пржи околу 2-3 часа.
А после врелото малиџано се збира во топли тегли, се завиткуват во крпи и наредни ден се вадат.
Малиџаното е одлично и како пикантен прилог на многу јадења. Можете да додадете и лути пиперки,
а кој не јаде луто секако може да си направи без лути пиперки.
Состојки
10 кг. зелени пиперки за ајвар
10 модри патлиџани (средно големи)
1 литар масло
1 филџан шеќер
1 филџан винска киселина 5 %
1/2 филџан или повеќе сол
2 лажици сенф
1 кг. лути пиперки
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови