МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ПРОМОВИРАШЕ ДВА НОВИ ПРОЕКТА ВО РАДОВИШ

Манчевски во посета на Радовиш: Националниот портал за е-услуги е во завршна фаза и следната година ќе биде пуштен во употреба.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска за време на својата посета на Радовиш имаше средба со Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, а потоа одржа состанок со претставниците на бизнис секторот.

На состанокот се разговараше за двата големи проекти на кои во моментов работи Министерството за информатичко општество и администрација, односно за порталот за отворени податоци и порталот за е-услуги.

„Порталот за отворени податоци е простор каде податоците се произведуваат, отвoраат, збогатуваат и повторно се користат од различни чинители од јавниот, приватниот, академскиот и граѓанскиот сектор. Тоа ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор, зголемување на учеството на граѓаните, како и поддржување на напорите за борба против корупцијата и придонес во создавањето на иновативна клима со нови економски можности за бизнис секторот. Отвореноста и достапноста на податоците од државните институции има за цел да поттикне развој на нови бизниси. Затоа за нас е од голема важност мислењето на бизнис заедницата и нивните предлози за кои податоци им се најпотребни“, исктана Манчевски на средбата.

На состанокот како што истакна министерот Манчевски, во завршна фаза е националниот портал за е-услуги и се очекува веќе на почеток на следната година ќе биде пуштен во употреба.

„Дигитализацијата е високо на политичката агенда на Европската Унија, а со влезот на Македонија во ЕУ, ќе се зголеми и пристапот до фондови во оваа област. Ова е од клучно значење за целосна дигитализација на Македонија, како предуслов за да ги донесеме услугите до граѓаните, и на тој начин да се подобри животот на сите граѓани“, рече министерот Манчевски.

Каталогот на услуги и електронскиот идентитет на граѓаните, беа во фокусот на дискусијата, како проекти од голема важност за работењето на бизнис секторот. Присутните на состанокот ги споделија искуствата и проблемите со кои се соочуваат при функционирањето, а кои можат да се надминат со дигитализацијата на услугите.


 




Related Articles

Временска прогноза