„НАЈСРЕЌНИТЕ ОД СИТЕ ДЕНЕС БЕА НАЈМАЛИТЕ – ПРВАЧИЊАТА“ – Започна новата учебна година

НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА СО 278 ПРВАЧИЊА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Во основните и средното училиште во општина Радовиш денес и официјално започна новата учебна година.

Најсреќни од сите денес беа најмалите – првачињата кои денес го започнуваат своето школување, во петте основни училишта во општината до денес се запишани 278 првачиња, кои го започнуваат својот образовен процес.

Сите првачиња беа топло пречекани од своите соученици кои за добредојде одржаа програма подготвена со своите наставници.

Градоначалникот Герасим Конзулов денес беше во посета на дел од образовните институции низ општина Радовиш, каде што им донираше училишен прибор на сите првачињата, посакувајки им успех во учењето, да бидат трудољубиви, примерни ученици, и да се стекнат со многу знаење во текот на својот образовен процес.

Во поздравното обраќање Градоначалникот Конзулов на сите вработени и ученици им посака успешни училишни денови исполнети со многу успеси.

 


 

 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза