ОПШТИНА РАДОВИШ ИЗЛЕЗЕ СО АПЕЛ, ОКОЛУ СЛУЧУВАЊАТА И ПАЛЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА

Општина Радовиш излезе со Апел за палењето на депонијата. Во апелот објавен се вели: – Се позачестена е појавата на палење на депонијата во Радовиш а нашите неофицијални сознанија дека истата се пали намерно од лица кои  остваруваат лична заработка и  се ангажирани од страна на овластени откупувачи на отпад, за нивни потреби и од други лица.

Имајки во предвид  дека ЈП Плаваја која го депонира отпадот  во овој момент не располага со ресурси за поголема контрола на влез излез  и неовластено присуство на лица на просторот на депонијата и каква штета се нанесува на здравјето на граганите бараме од од институциите на системот во општината (МВР-ПС Радовиш, ДЗС-Дирекција за заштита и спасување, ЦУК-Центар за управување со кризи, Шумска Полиција, ЈП Македонски шуми-ПОС Плачковица Радовиш) согласно нивните законски надлежности и можности да ,вршат контрола и евидентирање на лицата кои неовластено се присутни и се можни предизвикувачи на палењеето на градската депонија, исто така во рамките на нивните ингеренции и надлежност да извршат контрола на отпадите каде што се откупува отпаден материјал и утврдат дали има отпаден материјал кој што е по потекло од градската депонија.

Потребно е горенаведените субјекти да се подготват за превентивно спречување на вакви девијантни појави, не само на депониите туку и на шумите и пасиштата во овој сушен период, како би го спречиле понатамошното палење на депонијата, да не се предизвикаат пожари на отворен простор и да го заштитиме населенито од штетни последици.

 

   Извор: Општина Радовиш

 


 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза