Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих ја потпишаа заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно министерство за транспорт и дигитална инфраструктура,за олеснување на постапките за меѓусебна замена на возачките дозволи на граѓаните од Република Македонија и Сојузна Република Германија.
Граѓаните со право беа нестрпливи, но од денес со потпишувањето на Декларацијата, ќе им овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.
Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со земјите од регионот – Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд.
Извор: МВР