23-ТИ РЕПУБЛИЧКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ – „ПЕНЗИОНЕРСКА ОЛИМПИЈАДА 2018“
Радовиш денес беше домаќин на „Пензионерската олимпијада 2018“ на кој учествуваа 503 пензионери, од 2509 натпреварувачи во 11 дисциплини од 43 здруженија на пензионери членови на СЗП на Македонија.
„Пензионерските игри 2018“ беа во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче.
Премиерот Зоран Заев заедно со Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваа на отворањето на пензионерските спортски игри, каде што имаа поздравно обраќање.
Поздравни обраќања на отварањето на овогодишните спортски натпревари имаа и Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на ЗП Радовиш и Конче, Јордан Костадинов, Претседателот на ИО на СЗПМ, Салтир Каровски и Градоначалникот на Конче Благој Илиев.
Овие пензионерски натпревари се одржуваат во чест на 8-ми септември „Денот на независноста на Република Македонија“ и 20-ти септември „Денот на пензионерите на Македонија“ – натпреварите се одржаа во Срц „25 мај“ и Спортскиот комплекс „Шампион“ во Радовиш“, а се под покровителство на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.