РК РАДОВИШ ГИ ПРИВРШУВА ПОДГОТОВКИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА

Ракометниот клуб Радовиш ги привршува подготовките за претстојната натпреварувачка сезона, покрај редовните тренинзи нашите ракометари во изминатиот период одиграа четири контролни натпревари, и тоа со екипата на РК Младост од Богданци, РК Тиквеш од Кавадарци, и РК Пелистер, а останува уште во понеделник контролен натпревар против новиот прволигаш екипата на РК Астраион од Струмица, и на 5 септември уште еден контролен со РК Пелистер од Битола.

Овие контролни натпревари за екипата се од голема важност, каде што преку нив се формира костурот на екипата и воигрувањето на играчите, се со цел РК Радовиш да биде подготвен пред стартот на Супер ракометната лига на Македонија.

Радовиш заслужува да има квалитетен ракомет и веруваме дека момците ќе дадат максимум да избориме плеј офф. Имаме помал буџет за ова година но се надевам дека во 2019 ќе имаме поголем буџет за сериозно чекорење кон ракометниот врв во земјава истакнуваат од РК Радовиш

Суперлигашкото ракометно натпреварување брои 10 екипи. На четирите најдобри им се приклучуваат Металург и Вардар со што ќе започне битката за титулата но и излезот во ракометна Европа. Во првото коло на 16 септември РК Радовиш му гостуваат на РК Вардар Јуниор, а  пред своја пубулика и свој терен првиот натпревар го играат во третото коло со РК Струга на 30 септември.

 






 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза