РК Радовиш вчера го одигра пријателскиот-контролен натпревар против екипата на РК Астраион од Струмица.
Со овој натпревар РК Радовиш го заокружи циклусот на контролни натпревари пред почетокот на новата сезона. РК Радовиш забележа убедлива победа против новиот прволигаш од Струмица совладувајки го со резултат 45-32, полувреме 21-11.
Во првото коло на 16 септември, од новата натпреварувачка сезона РК Радовиш му гостуваат на РК Вардар Јуниор, а пред своја пубулика и свој терен првиот натпревар го играат во третото коло со РК Струга на 30 септември.