БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД – НАШИТЕ КЛУБОВИ ГИ ОДИГРАА СВОИТЕ ПРВЕНСТВЕНИ НАТПРЕВАРИ

Фубалските клубови го одиграа четвртото коло, РК Радовиш започна со гостување, а ЖФК Плачковица својот натпревар го игра утре.


РК Радовиш ја започна сезоната гостувајки во првото коло на екипата РК Вардар Јуниор во Скопје. Во еден натпревар каде што беа постигнати 79 гола, нашите ракометари не успеаа да извојуват победа претрпувајки пораз со резултат 41-38, полувреме 21-21.

РК Радовиш следното коло има уште едно гостување на РК Еурофарм Работник во Битола.

ФК Плачковица во четвртото коло од Втората фудбалска лига (Исток) забележа уште една значајна победа против екипата на ФК Саса од Македонска Каменица.

Во еден неизвесен натпревар нашите фудбалери успеаа да извојуват една значајна победа, иако на самиот почеток од натпрварот ФК Саса поведе со автоголот на Јане Стојанов, со што на полувреме се замина со резултат 0-1 за гостите.

Следното коло ФК Плачковица гостува кај ФК Партизан Обршани.

Второто полувреме ФК Плачковица не дозволи противникот да направи никакво изненадува и целата инцијатива и игра ја превзедоа нашите фудбалери постигнувајки два прекарсни гола, стрелци беа Рафевски и Здравков.

ФОТО ГАЛЕРИЈА  (ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК САСА КАМЕНИЦА)


ФК Детонит денес гостуваше во Неготино на домашната екипа Вардар Неготино. 

Во овој натпревар ФК Детонит, крајниот резултат не ја прикажува денешната игра на нашите фудбалери, ФК Детонит во Неготино го отвори резултатот поведувајки со 0-1, на полувреме се отиде со 1-1. 

Но после неколку (не) намерни грешки на судијата и во првиот случај и во вториот од кој домаќините постигаа два гола од недозволена позиција ФК Детонит не успеа да ја покаже прекрасната игра која ја одиграа фудбалерите со позитивен резултат и победа на гостински терен.

Следното коло ФК Детонит го игра на домашен терен против екипата на ФК Кит-Го од Пехчево.


5- коло 

 


Девојките од ЖФК Плачковица играат утре на гостински терен против екипата на ЖФК Топ Гол.

 


 




 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза