ОДРЖАНА РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Во Радовиш беше одржана Конференција на локалниот Совет за превенција во општина Радовиш, каде што учествуваа претставници од СВР-Струмица, ПС Радовиш, Советот на општина Радовиш, Локалната самоуправа, институции, урбани заедници и НВО здруженија.

Конференцијата ја отвори Градоначалникот Герасим Конзулов, а свое обраќање имаше и началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, исто така презентација за ЛСП на тема „Улогата на градоначалникот, важноста на полициското работење во заедницата, искуствата и практиките“ одржа Началникот на отсек превенција Хризантема Рендевска.

Во понатамошниот тек на конференцијата од страна на присутните беа истакнати проблемите со кој се соочуваат граѓаните, од областа на заштита на животната средина, јавниот ред и мир, девијантните појави кај младите и др.

Следната задача на ЛСП ќе биде насочена кон безбедноста и сигурноста, борба против криминалот, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и изготвување на планови за превенција.

 






 

Related Articles

Временска прогноза