Нашиот Ангел Јовевски имаше настап во последната емисија која се одржа во сабота.
Кон крајот на септември започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Се уште се емитува првиот круг, а во претходните емисии имавме прилика да видиме неколку македонски претставници кои одлично се претставија.
Тој ги отпеја песните „Моја драга“ од Здравко Чолиќ и „Танана“ од Жељко Јоксимовиќ. На крајот доби два гласа од жирито, од Марија Шерифовиќ и Џорџе Давид.
Овде може да го погледнете настапот на нашиот Ангел (од 46:30 минута)