ДЕТОНИТ ПОЛОВИЧНО, ПЛАЧКОВИЦА ПОРАЗЕНА ВО ШТИП

Во осмото коло од Втората фудбалска лига (Исток) нашите претставници не успеаа да ги комплетираат посакуваните бодови од оваа коло.

ФК Детонит денес ремизираше со ФК Саса од Македонска Каменица, иако нашите фудбалери во два наврати го имаа позитивниот резултат и водството со 1-0 и 2-1.

Водството на Детонит се резлизираше уште во 26 минута каде што „Детонитци“ во 42 минута ФК Саса израмни на 1-1, но за кратко се радуваа на погодокот во 44 минута повторно Детонит имаше водство од 2-1 со што се замина на паузата.

Второто полувреме исто така имаше неколку не реализирани шанси за нашите фудбалери, една грешка искористија гостите со што го израмнија резултатот 2-2.

ФК Детонит наредното коло гостува во Обршани на ФК Партизан.

ФК ДЕТОНИТ – ФК САСА 2-2 (2-1)


ФК Плачковица беше поразена на гостувањето во Штип од ФК Брегалница со резултат 2-0 за домаќините. Следното коло ФК Плачковица го игра дома на Градскиот стадион во Радовиш каде ја дочекува екипата на ФК Вардар од Неготино.






 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза