ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА „АЦО КАРАМАНОВ“ ПО ПОВОД „НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

По повод „Недела на детето“ Градоначалникот Герасим Конзулов денес имаше пријатно изненадување од посетата на дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“.

Дечињата од големата група од објектот Управна зграда, нивната воспитувачка и негователка заедно со Директорката Љупка Тренчева ја посетија општината каде што беа топло пречекани од страна на Градоначалникот Конзулов и се запознаа со институцијата Градоначалник и неговите надлежности.

Дечињата пријатно го изненадија градоначалникот со песничка посветена за таткото на градот, детската изработка со детските права, детски часовник како симбол за нивна набргу повторна средба.

Со детските песни пораки и прашања дечињата ја пренесоа пораката за среќно и безгрижно детство.

Извор: Општина Радовиш

 





 

Related Articles

Временска прогноза