ОБИКОЛКА И УВИД НА РАБОТИТЕ ОД СТРАНА НА ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КИТАНОВ

 Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов заедно со Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов денес беше во обиколка и изврши увид на градежните работи кои се одвиваат во Радовиш на регионалниот пат Радовиш-Подареш, проект кој опфаќа целосна реконструкција и рехабилитација долж целата траса од 9,8 км. почнувајки од раскрсницата пред Ињево па се до село Подареш.

Директорот Китанов рече дека во тек е евалуација на понудите за втората фаза од изградбата, делниците од Три Чешми до Штип и од Бучим до Радовиш.

„Набрзо очекувам да потпишеме договор со изведувач. Изградбата на оваа делница каде што сме денес е предвидена да трае 3 години, а изградбата на втората фаза – 2 години. За да немаме отстапки во изградбата двете фази ќе се градат истовремено и за две и пол години очекуваме да имаме комплетно нов експресен пат од Штип до Радовиш“ рече Директорот на ЈП за државни патишта Китанов.Тој додаде дека се планира и реконструкција на постоечкиот пат од Штип до Радовиш, за што е избран и изведувач.

Изградбата на експерсниот пат Штип-Радовиш се одвива во две фази. Првата фаза е во тек и градежните работи се одвиваат со силно темпо. За втората фаза, делницата од Бучим до Радовиш, во тек е евалуација и набрзо ќе се избере изведувач и ќе се започне со изградба.

Градоначалникот Конзулов искажа благодарност до ЈП за државни патишта и Владата на Република Македонија за одбрените проекти кои веќе се реализираат и се во финална фаза на реализација, тој истакна дека после триесет години се реконструираше дел од патот кон Планината Плачковица,а се надева дека во наредниот период целосно ќе биде реконструиран овој патен правец, искажа благодарност за реализирањето на овој проект за целосна реконструкција и рехабилитација на делницата од 9,8 километри од регионалниот пат Радовиш-Подареш кој е од огромно значање за граѓаните на општина Радовиш.

Исто така овој материјал кој се остранува со гребење од регионалниот пат се нанесува на места каде што е потребно.





 

Related Articles

Временска прогноза