Фото: ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВИОТ БОЖЈИ ХРАМ „СВ.ГЕОРГИЈ“ ВО ПОКРАЈЧЕВО

На 21. 10. 2018 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, ја освети новоизградената прва црква посветена на „Свети вмч. Георгиј“ во с. Покрајчево, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.

 





 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза