РАБОТИЛНИЦА ПО ПРОЕКТОТ „ГРАДЕЊЕ НА АКЦИСКА МРЕЖА ЗА УРБАНА ОТПОРНОСТ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“

Во Струмица на 05 октомври, 2018 година се одржа последната работилница по проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во тесна соработка со засегнатите страни од уште 6 земји и тоа Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, а е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

На овој состанок беше претставен моделот за меѓуопштинска соработка на општините од Полошкиот регион кој може да послужи како пример за воспоставување на соработка преку мрежата на SEE URBAN и ќе овозможи вклопување на веќе воспоставената мрежа во некои од облиците на меѓуопштинската соработка.

Градоначалниците од Југоисточниот регион и присутните ги посочија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во областа на намалување на ризиците од катастрофи и се заклучи дека меѓуопштинската соработка, поврзувањето на знаењето и ресурсите и размената на информации се клучни фактори без коишто неможе да функционира системот за заштита од природни катастрофи и несреќи.

Учесници на состанокот беа претставници од УНДП и ЦРЈИПР, Градоначалници и претставници од 10-те општини во Југоисточниот регион претставници од националните агенции од системот за управување со намалувањето на ризици од катастрофи, нивните локални центри, како и останати заинтересирани страни и тела кои работат на намалување на ризикот од катастрофи.

На настанот се дискутираше и за претстојната регионална конференција која ќе се одржи на 15 и 16 октомври, 2018 година во Скопје на која ќе има повеќе од 120 гости од различни земји во светот.

Проектот е планирано да трае до 31.12.2018 година.

 

Центар за развој на Југоисточниот плански регион




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза