РАСПЕАНИ РАДОВИШАНИ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Викендов во НУ Центар за култура во Крива Паланка се одржа третиот меѓународен фестивал на староградски песни. На фестивалот, како што соопштија организаторите, покрај домаќините КУЗ „Распеани паланчани“, настапија и  Распеани радовишани и Пехчево, како и Градскиот хор од Штип, но и пејачкото друштво „Еделвај“ од Ќустендил, Бугарија.

„Во рамките на фестивалот кривопаланечката публика имаше можност да ја проследи драмата ‘Оженил се Санде Калајџија’, во изведба на учениците од СОУ ‘Ѓорче Петров’, а под ментроство на професор Катерина Митовска-Наковска. Овој настан беше збогатен и со промоција на Збирката на кривопаланечки староградски песни, изработена од членовите на КУЗ ‘Распени паланчани’, како и новите костими за членовите на друштвото, кои се реализирани во рамките на проект што е финасиски поддржан од буџетот на Општина Крива Паланка“, се наведува во соопштението на организаторите.

Сите љубители на убавата староградска песна, се додава во соопштението, имаа можност две вечери да уживаат и да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна, љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградски песни, кои и денеска се негуваат и пеат.





 

 

Related Articles

Временска прогноза