Прва победа за РК Радовиш во новата сезона, славеше на гости кај Прилеп
Екипата на РК Радовиш успеа да ја оствари првата победа во новата сезона во Суперлигата, откако беше поуспешна од РК Прилеп на гостински терен.
Динамичното прво полувреме и брзите акции на нашите ракометари доведоа до големото водсто уште во првото полувреме, каде што на полувреме имаше предност од 11-16 за РК Радовиш.
Второто полувреме го започнаа домашните ракметари намалувајки на 20-22, но нашите ракометари не дозволија и не им дадоа простор да се вратат во игра.
Ивица Илиев постигна 12, а Божидар Симиќ 8 голови, кај РК Прилеп Пеце Ѓорѓиоски 8.
РК ПРИЛЕП – РК РАДОВИШ 25:33 (11:16)
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ПРИЛЕП: Талески, Чупетрески 1, Тодоровски, Трајкоски, Ѓорѓиевски 8, Шуклески, Орданоски, Бозароски 6, Ангелоски 1, Шокоски 4, Мачевалов 3, Алексоски, Галев, Јанески 2.
Седмерци: 1/4, Исклучувања: 6 мин.
РАДОВИШ: Паунов, Мицев, Тушев, Симиќ 8, Ристов 1, Илиев 12, Трајанов, Долдуров 4, Атанасов, Ѓорѓиев, Јованов, Спасков, Бујиќ 3, Органџиев 4, Томов, Колоски 1.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.