ПОДДРШКА И ОТВАРАЊЕ НА НОВИ „ЦЕНТРИ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ“

Денеска, министрите ја прифатија информацијата за текот и прогресот за отворање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија. Во периодот од 2014 до 2016 година се отворени 29 вакви центри во 15 општини. Од нив, 4 се јавни установи за деца – центри за ран детски развој, а 25 се во состав на установите за деца – детски градинки.

Досега се опфатени вкупно 1345 деца. Дополнително, според повикот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во февруари 2017 година, девет нови општини во Република Македонија ќе бидат поддржани од УНИЦЕФ за отворање на центри за ран детски развој, односно: Радовиш, Струга, Кривогаштани, Виница, Гостивар, Охрид, Кочани, Тетово и Куманово.

Центрите за ран детски развој спроведуваат програма за ранo учење и развој на деца од предучилишна возраст од три до шест години, во локалните заедници каде што нема установи за предучилишно згрижување на деца, а пред се во руралните и маргинализираните средини.





 

 

Related Articles

Временска прогноза