ЈОВИЦА ИЛИЌ СО НАГРАДА ОД „SOFIJA SINGER SONGWRITER FEST“

На меѓународниот фестивал за авторска музика и поезија SOFIJA SINGER SONGWRITER FEST 2018, нашиот сограѓанин професор по филозофија, кантавтор и поет Јовица Илиќ го освои третото место.

Ова е второ издание на овој реномиран фестивал на авторска музика и поезија и траеше три дена 28 – 30.09. 2018. На фестивалот можеа да се слушнат автори претставници од Ирска, Велика Британија, Палестина, Романија, Бугарија и Македонија вкупно 14 изведувачи. На првата полуфинална вечер се претставија седум автори од кои тројца влегоа во финале меѓу кои и Јовица Илиќ како претставник од Македонија. Жири комисијата во состав: Пламен Сивов (Бугарија), Васил Громков (Бугарија) и Алигирдас Клова (Латвија) како најуспешни ги оценија композициите и изведбите на Јовица Илиќ (Македонија) трето место,  Стив Лоис (Велика Биританија) второ место и Шеин О`Фрагаил (Ирска) прво место.

За Националното радио на Бугарија Јовица Илиќ во емисијата за рок музика „Настроение со со Лили“ Јовица изјавува: „Кантавторскит израз е пред се авторски израз, кантавторот е човек кој го слика животот, со тоа е сведок на едно време, ние сме опкружени со популарна музика и многумина очекуваат од мене да направам популарен хит и да бидам познат. Да бидеш познат е полесниот пат, за мене многу поважно е да бидеш оргинален. Уметноста не треба да се сфаќа во една димензија, таа не е само забава, таа може да биде слика, револуција, вера, надеж и љубов но и секојдневие, јас тоа го правам и секојдневно работам на себе, бидејќи точно ги трасирав своите координати, ако ме послужи здравје и со Божја милост моите дела ќе бидат сведоштво за едно време во кое сум бил….

… Наградените дела немора да значи дека се и најдобрите дела, како што и најпродаваните книги дека се најдобрите книги. Кога стигнав во Радовиш повеќето ги интересираше колкава е наградата, мислејќи на сума, да послужи како орентир дали е вредно сето она што го правам, трагична е таквата состојба во која единствено низ материјалните нешта вреднуваме. За мене вреднувањето е во човекувањето и секојдевното себе откривање во таа смисла сум богат човек и не ми смета што понекогаш сметиките за вода ги плаќам со задоцнување…

Инаку Јовица Илиќ е автор на сет изданието „Разоружана страст“ цд и „Легитимна опсесија“ книга поезија. Оваа година излезе неговата најнова книга и цд „Граници од Земја“ Член е на друштвото на писателите на Македонија од 2015г. Учествувал на повеќе фестивали и настапувал во Загреб, Марибор, Руше, Белград. Заедно со друштвото на писателите на Македонија редовно настапува на поетските карвани изведувајќи свои композиции. Добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија.





 

Related Articles

Временска прогноза