Радовишани вчера имаа можност да го проследат натпреварот помеѓу нашите два второлигашки фудбалски клуба ФК Плачковица и ФК Детонит.
Во еден прекрасен натпревар со голем број на шанси за постигнување на голови нашите фудбалски клуба кои се натпреваруваат во втората фудбалска лига (исток) покажаа дека следните натпревари ќе ги одигруват со една брза и динамична игра.
Сепак единсвениот гол беше постигнат во продолжението на првото полувреме (45+) од еден слободен удар, а стрелец на голот беше Николов Глигор.
Второто полувреме продолжи во истиот ритам со голем број на шанси, но изостанаа головите.
ФОТОГАЛЕРИЈА ФК ПЛАЧКОВИЦА-ФК ДЕТОНИТ
Веќе наредната сабота се одигрува следното 13-то коло, ФК Детонит на Градскиот стадион во Радовиш ја пречекува екипата на ФК Вардар од Неготино, а ФК Плачковица гостува кај екипата на ФК Саса во Македонска Каменица.