(Фото) ЖФК ПЛАЧКОВИЦА НЕ УСПЕА ВО НЕИЗВЕСНИОТ НАТПРЕВАР

Девојките од ЖФК Плачковица не успеаа денес во првенствениот натпревар да го совладат тимот од Битола, ЖФК Атлетико.

Во еден изедначен дуел во текот на целиот натпревар искуството си го направи своето – нашите девојки головите ги примија од слободни удари, противникот искористувајки ја немоќта и висината на нашиот голман.

Сепак овој денешен натпревар беше еден од најинтересните за гледање, бидејки секое коло се повеќе и повеќе напредуваат нашите фудбалерки од ЖФК Плачковица кои се новоформиран фудбалски клуб и оваа сезона се дебитанти во женската фудбалска лига на Македонија.

 

ЖФК ПЛАЧКОВИЦА – ЖФК АТЛЕТИКО   2-4  (0-2)

 

 

 





 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза