Женскиот фудбалски клуб Плачковица ја заокружи првата полусезона со денешниот натпревар последен на домашен терен против екипата на ЖФК Речица од Куманово.
Нашите девојки ги очекува уште едно гостување во Дојран на ЖФК Истатов, и Куп натпреварот во Велес.
Во денешниот натпревар нашиот клуб беше поразен, но се гледа напредокот на нашите фудбалерки. На суденото време и дождот тие борбено ги одиграа 90 минути.
Фото галерија:ЖФК ПЛАЧКОВИЦА – ЖФК РЕЧИЦА