ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА НА ОOУ КРСТЕ П. МИСИРКОВ

Започнати се градежни активности за изведба на нова канализациона мрежа на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ за решавање на долгогодишниот проблем со неефикасната метода на испумпување на фекалиите.

Новата инсталација ќе го надмине проблемот со непријатната миризба која се ширеше во училиштето и воедно ќе ги елеминира високите трошоци за електрична енергија -со изградба на мрежа базирана  на целосен гравитациски транспорт.

Со овој инфраструктурен зафат се решава проблемот кој постоеше од самата изградбата на училиштето а најзасегнати беа дечињата и наставниците.

Општина Радовиш останува посветена на решавање на најважните проблеми на граѓаните – информираат од Општина Радовиш.

 





 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза