ЗЕМЈОТРЕС ВО РАДОВИШ СО ЕПИЦЕНТАР ВО ВАЛАНДОВО

Јак земјотрес со епицентар на подрачјето на Валандово, а истиот е почувствуван и во Радовиш.

Од силината на земјотресот во Радовиш има настанати материјални штети кај одредени објекти, прекин на електричната енергија, дефекти на водоводната мрежа и настанати пожари“ – Оваа беше сценариото од „Показно-тактичката вежба-Радовиш 2018“ која вчерa се одржа во Радовиш.

 

„Показно-тактичката вежба-Радовиш 2018“ е од Програмата на „7-от Стручен собир во Радовиш“ каде што покрај оваа вежба имаше и стручни предавања и презентации.

Автор и координатор на оваа показна вежба беше м-р Зоран Нешкоски, Началник на Секторот за превентивно обезбедување на личности и објекти.

Учесници беа МВР Радовиш,Единицата за специјални задачи „Тигри“, Единицата за службени кучиња-МВР, Локална самоуправа Радовиш-ТППЕ Радовиш, СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, ЈЗУ-Итна медицинска помош  Радовиш, ДЗЦ Подрачно одделение Радовиш и ОО Црвен Крст од Радовиш.

 

 

 





 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза