МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИОТ МУЗИЧКИ КАМП ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ВО САЛЦБУРГ

Tалентирани млади ученици од Радовиш ќе имаат уште една шасна да ја претставуваат Македонија на Меѓународниот музички камп за деца и младинци во Салцбург, во летото 2019.

 Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Македонија, го отвори својот годишен повик за програмата Стипендирање за музичкиот камп Солвеј. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Групацијата Солвеј.

Талентирани млади ученициод уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, театар, или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Има вкупно 15 слободни места за областа на Радовиш во првиот дел од изборната програма. Пријавувањето започнува на 20 ноември, 2018. Крајниот рок за поднесување на пријава е 20 декември, 2018.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2019, во Австрија.

За повеќе детали, како и за пријавување за Стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата:

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

 

 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза