НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО РАДОВИШ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

ЈП “Плаваја“  ги информира граѓаните дека претпријатието со сопствени средства, после многу години, изврши набавка на нова комунална опрема: 10 пластични, 80 метални контејнери и 1000 канти за отпад со волумен од 120 литри со што значително ќе се подобри хигиената во градот и населените места.

Исто така почнаа да пристигнуваат првите контејнери. Во следниот период се очекува да пристигнат сите нарачани контејнери кои ќе бидат распоредени на повеќе локации во градот.

За зголемување на хигиената низ нашите улици ЈП „Плаваја“ со донација од општина Радовиш набави нова современа машина за машинско метење на урбаните површини.

Со машинското метење очекуваме дека ќе се зголеми ефикасноста при метењето и опфатените површини кои ќе се метат, со што градот ќе добие почисти улици и поубав хигено урбан изглед.

Во претстојниот период во договор со Градоначалникот на општината Герасим Конзулов и во координација со месните заедници претпријатието планира да распореди контејнери и во населените места со што ќе се заштити животната средина од неконтролирано фрлање на ѓубре на диви депонии.

Се надеваме дека со нашите планови ќе придонесеме за подигање на свеста кај сите граѓани во нашата општина да ја чуваме животната средина, бидејќи здравата и чиста животна среднина во нашата општина е инвестиција за идните генерации – информираат од ЈП „Плаваја“.

Gepostet von ЈП Плаваја Радовиш am Freitag, 23. November 2018

 





 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза