Во деновите 03 и 04 Ноември беше одбележано 30 години од првото искачување на карпата на Плоча
Воедно собирот беше традиционален кој го организираме во чест на 74 година од слободен Радовиш, (6-ти ноември-ослободување на Радовиш).
На собирот имаше преку 50 учесника од повеке градови во Македонија, и тоа од Битола, Скопје, Штип, Радовиш како и гости од Република Бугарија и Република Хрватска.
Традиционално беше да се искачи насоката „Младина 88“ која е првата насока искачена на оваа карпа од страна членови на планинарско друштво Лисец од Штип.
Извор: AK Плоча